Сите медали за Олимписките игри во Јапонија ќе бидат од рециклиран отпад (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сите медали на Олимписките и Параолимписките игри следното лето во Токио ќе бидат направени од рециклиран елетронски отпад – вклучително и фрлени паметни телефони, дигитални камери, таблети и компјутери, објавија организаторите.

Loading...

Претставниците на организацискиот одбор соопштија дека до крајот на март ќе се соберат доволнос тари електронски уреди за да се извлече потребното количество злато, сребро и бронза за изработка на сите медали кои ќе бидат доделени следната година, пишува Гардијан.

Жителите на сите делови од Јапонија изминатите месеци донирале скоро 48.000 тони електронски отпад. Како што се наведува, собрани се над пет милиони мобилни телефони.

Во скоро сите поголеми јапонски градови биле поставени пунктови за собирање на непотребните електронски справи.

Само во јуни минатата година од него преработени биле 2.700 килограми бронза, над 30 килограми злато и 4.100 килограми сребро.

Иако се уште не се собрани потребните количини злато и сребро, но имајќи го предвид електронскиот отпад кој се уште не стигнал до нив, во организацискиот одбор на Олимписките игри во Токио веруваат дека ќе има доволно материјали за постигнување на целта.

Овој концепт бил применет и на претходните Олимписки игри во Рио де Женеиро во 2016 година, но тогаш само 30 отсто од сребрените и бронзени медали биле изработени од рециклирачки материјали.

Олимписките игри ќе бидат одржавни во главниот град на Јапонија Токио од 25 јули до 9 август 2020 година. Тоа ќе биде второ издание на Олимписките игри во овој град, по онаа од 1964 година.https://youtu.be/Suzi_McCdPE

Loading...

Leave a Reply