Волонтери на Црвениот крст породиле бегалка на гранична линија

Сподели со своите пријатели

Ноќеска мобилниот тим на Црвениот крст бил повикан од страна на гранична полиција во Гевгелија заради мигранти кои илегално ја поминале границата. Меѓу нив била и жена во 9 месец од својата бременост.

Била повикана Брза помош но во меѓувреме пороѓајоот започнал и парамедикуси волонтери од Црвениот крст, Игор Димитриевски и Ташко Поповски и помогнале на жената да роди здраво машко дете.

Црвен крст на Р.Македонија продолжува да ја дава поддршката за мигрантите и бегалците кои моментално се сместени во двата Прифатни центри за мигранти и бегалци во Табановце и Винојуг со поддршката и во партнерство со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) – велат од Црвениот крст.