Претседателот на руската Државна Дума, Вјачеслав Володин, изјави дека сите оние кои решиле да ја напуштат Русија додека трае специјалната воена операција во Украина во „потоплите региони“ се предавници.
Loading...
– Оние кои сакаа да го видат крајот на операцијата во потоплите региони и оттаму да ги следат сите овие настани треба да знаат едно – тие се предавници – рече Володин.
Тој, исто така, нагласи дека прашањето за Крим и признавањето на Народната република Луганск и Доњецк е консензус на сите политички сили во Русија.
– А тие што не го поддржаа не се со народот. Размислете за тоа – заклучи тој.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.