„Волмарт“, најголемиот трговски синџир во светот, соопшти дека отстранува огнено оружје и муниција од полиците во своите продавници во САД оваа недела со цел да ги заштити клиентите и вработените, додека тензиите растат низ целата земја.
Пред претседателските избори во САД, многумина се загрижени дека резултатот може да биде оспорен или да предизвика насилство.
„Видовме изолирани случаи на граѓански немири и како што сторивме во неколку ситуации во последниве години, превентивно префрливме оружје и муниција од полиците во магацини, заради безбедноста на нашите работници и клиенти“, наведе во соопштение портпаролот на „Волмарт“.
Компанијата не одлучила кога ќе врати оружје и муниција на полиците.
Малопродажниот синџир со седиште во Бентонвил, Арканзас има повеќе од 5.000 продавници во САД, а приближно половина од нив продаваат оружје, кое ќе продолжи да им биде достапно на клиентите кои ќе побараат да го купат.
Златко Шумковски