Волф: Можеби денеска нема да ги знаеме резултатите

Сподели со своите пријатели

Броењето на гласовите сè уште е во тек во Пенсилванија, а гувернерот Том Волф вели дека има околу три милиони гласачки ливчиња, што може да го одложи резултатот толку многу што, како што рече, „можеби денеска нема да ги знаеме резултатите“, јави Си-Ен-Ен.

Loading...

Оваа државаа, која носи 20 изборни гласови, е една од клучните за секој претседателски кандидат да стигне до 270 изборни гласови, што носи победа на изборите.

Пенсилванија е една од деветте држави во кои Си-Ен-Ен сè уште не предвидел победник.

– Најважно е да имаме точни резултати, дури и да потрае малку подолго отколку што сме навикнале. Повеќе од 200 години, ние ја поддржувавме и јакневме нашата посветеност на основната правда и правниот процес. Јас целосно верувам дека слично ќе го дочекаме овој момент и ќе сториме се што е во моја моќ да се осигурам дека резултатите се фер и секој глас ќе биде преброен, рече Волф на прес-конференција.

Тој истакна дека граѓаните на Пенсилванија треба да бидат „сигурни во исходот од овие избори“.

Пандорка Арсовска-Гацова

Leave a Reply