02.07.2019 03:52

Вокмен го прослави 40. роденден


Вокмен вчера го прослави 40иот роденден. Комапнијата „Сони“ на пазарот на 1 јули 1979 година го пушти првиот преносен плеер за музички касети „Sony Walkman“.

Во тоа време, домашните стерео системи претежно се состоеле од ради приемници и грамофони. Ретки имале и магнетофони. Со појавата на компакт касетите кон средината на седумдесетите години се оствари сонот на љубителите на музиката – сами да можат да снимаат музика на евтин и достапен формат. Иако во времето на појава на првиот вокмен веќе имало преносни касетофони, тие биле скапи и со големина на просечна чанта.

loading...

Вокменот низ следните децении бил унапредуван, додавни му се функции како радио, намалувањ ена шумот, можност за снимање, а исто така постоеле и вокмени кои користеле MiniDisc – MD Walkman, како и ултра ретките DAT Walkman уреди кои дигитално снимале на DAT касети.

Падот на популарноста на касетите и доминацијата на ЦД-то дивеле и до појава на CD Walkman уреди, а подоцна моделите имале поддршка и за CD дискови со мп3 фајлови.

Кон почетокот на 2000 година Сони го претстави и Network Walkman – mp3 плеери со хард дис или мемориски картички.

Сепак напредокот на мобилните телефои и сервиси како што се Јутјуб и Спотифи означија дефинитивен крај на воменот, како и други физички носачи на звукот.

Треба да се напомене и дека денес постојат „духовни“ наследници на вокменот – т.н. Hi-rez плеери специализирани музички плеери за фајлови со висока резолуција, кои имаат и функции како што се DAC и особено квалитетно засилување за слушалките.

Нема сомнеж дека вокменот во историјата ќе биде запаметен како еден од најпопуларните и најсаканите парчиња електроника било кога.

Image by fernando zhiminaicela from Pixabay


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments