Војската ја презема контролата на безбедноста во Рио

Сподели со своите пријатели

Војската ќе биде задолжена за борбата против криминалот во државата Рио де Жанеиро, нареди бразилскиот претседател Мишел Темер откако таа држава целосно ја преплавија насилства.

Војската ќе ги контролира сите операции за безбедност и ќе ја следи полицијата по таа уредба, невидена од крајот на 1985 година и воената диктатура.

Loading...

Уредбата ќе биде потпишана попладне по локално време и претседателот Темер ќе одржи говор на радио и телевизија вечерва и ќе ја објасни одлуката, велат од претседателската палата.

Претседателот на Претставничкиот дом Родриго Маиа кој ден претходно учествуваше на состанокот со претседателот и неколку министери, зборуваше за „тешката и екстремна“ мерка која мора „добро да  се обмисли и спроведе“.

Таа одлука е донесена ден по насилствата и вооружените напади на карневалот во Рио.

Бразилскиот министер за одбрана Раул Јунгман ги оцени насилствата како „неприфатливи“, кои го извалкаа популарниот карневал.

Leave a Reply