Војна за маски: Владите спречуваат испораки, Кинезите продаваат на оние кои најмногу плаќаат

Сподели со своите пријатели

Со брзото ширење на пандемијата од Ковид-19 ширум светот, трката за медицинска опрема како заштитни маски и ракавици се забрзува.

Loading...

Некои земји спречуваат извоз на нарачана стока потребна за борба против коронавирусот, додека Франција и Германија ги обвинија САД дека се обидуваат да преземат пратки наменети за нив, пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ).

Во време на пандемија, бидејќи земјите ширум светот бараат да обезбедат доволно медицинска заштитна опрема, американските сојузници – од Европа до Јужна Америка – се пожалија на тактиката на „дивиот запад“ што Вашингтон ја користи за да ги земе или блокира медицинските материјали за оригиналните клиенти, пренесува Ројтерс.

Германскиот министер за внатрешни работи во Берлин, Андреас Гисел изјави дека во Бангкок е запленета пратка од 200.000 маски и е пренасочена кон САД, нарекувајќи ја „чин на модерно пиратство“.

Портпаролката на американската амбасада во Тајланд изјави дека американската влада не сторила ништо за да ги пренасочи залихите за маски наменети за Германија, ниту е свесна за таква пратка.

Во саботата американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема „чин на пиратство“.

Додека залихите опаѓаат, а државите тргнуваат кон, како што рече еден француски официјален претставник, „глобална потрага за богатство“ владите незадоволно дозволуваат заштитната и друга медицинска опрема да ги напуштат нивните земји, истакнува Си-Ен-Ен, истакнувајќи дека многу влади исто така тврдат дека имаат проблеми во обезбедувањето залихи и дека бараните цени се претерани.

Производителите бараат сè да се плати однапред

Loading...

Бројни француски службеници во претходните денови исто така зборуваа за тешкотии во обезбедувањето на испораките затоа што другите купувачи ги надминуваат, изјави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на изјавите на претседателот на француските региони кои тврдеа дека американските купувачи се обиделе да платат на кинески добавувачи три или четири пати повеќе од договорената цена за да ги пренасочат критичните производи.

Во меѓувреме, додава Си-Ен-Ен, владите се обидуваат да го добијат тоа што можат. Па така, минатиот месец, француската влада ги искористи сите маски направени во земјата, откако го стопираше извозот на пратки нарачани за редовни странски купувачи.

Исто така, голема пратка на нарачани и платени респиратори за Шпанија не беше испратена од Турција затоа што Анкара смета дека тоа е приоритет во третманот на турските пациенти.

Бразилската влада исто така тврди дека побарувачката за маски и респиратори во САД го отежнува снабдувањето до други земји бидејќи САД испраќаат големи карго-авиони во Кина за да испорачаат заштитна медицинска опрема.

Трката за маски и респиратори создаде „луди куќи“ меѓу кинеските производители, кои со огромна добивка го снабдуваат оној кој плаќа најмногу и најбрзо, напиша Гардијан.

Производителите на маски и респиратори бараат да бидат платени во целост пред производите да ја напуштат фабриката, изјави брокер за текстил со седиште во Шангај, Мајкл Крот.

Тој посочува дека фабриките добиваат нарачки од луѓе за кои никогаш не слушнале, влади, градови, болници, дистрибутери и приватни компании. „Тоа е вистинска лудница“, рече Моле.

Компаниите кои брзо ги сменија производните линии за производство на маски, според британскиот весник, бараат 50 проценти при нарачката, а другите 50 проценти пред маските да ја напуштат фабриката.

Loading...

Француските и германските власти ги обвинија САД минатата недела дека користат тактики на „дивиот Запад“ за да ги надминат, но Кроти рече дека станува збор за натпревар „сите против сите“.

Финците лежат на залихи медицинска опрема

Додека некои земји се борат да најдат заштитна опрема за борба против пандемијата, Финците „седат“ на завидна резерва на медицинска опрема и материјали, како и намирници за опстанок, бидејќи Финска никогаш не престана да прави залихи по Студената војна, пишува Њујорк Тајмс.

Залихите, кои се сметаат меѓу најдобрите во Европа, содржат не само медицинска опрема, туку и масло, зрна, земјоделски алати и суровини за правење муниција.

За време на Студената војна, Норвешка, Шведска и Данска исто така имаа големи резерви на медицинска и воена опрема, гориво и храна, но со текот на годините ја напуштија идејата за складирање.

Но, не и Финска, чија подготвеност ја потенцираше важноста на државните резерви и ја откри ранливоста на другите земји.

Иако Финска е рангирана високо на листата на најсреќни нации од година во година, нејзината позиција – близината на Русија со која војуваше – трговија преку Балтичко Море, како и лекции по историја ја научија нацијата од 5,5 милиони луѓе да се подготват за најлошото.

„Финска е нордиска нација секогаш подготвена за голема катастрофа или Трета светска војна“, рече Магнус Хакенштад, научник во Норвешкиот институт за одбранбени студии.

Loading...

Пред две седмици, кога беа пријавени случаи на коронавирус во таа земја, Министерството за социјални и здравствени работи нареди од магацините со маски, иако стари, но функционални, да бидат испратени во болници низ целата земја.

Има малку достапни јавни информации за бројот на маски и други набавки што ги има Финска или каде точно се лоцирани магацините.

Додека деталите се чуваат во државна тајна, властите потврдија дека залихите се чуваат во мрежа на објекти распоредени низ целата земја и дека сегашниот систем што постои уште од 1950-тите години, за кој проценува Њујорк Тајмс, ја стави Финска во поцврста позиција да се справи со пандемијата.

Leave a Reply