Војните се водат откако човекот престанал да лута, лови и собира храна и тргнал со развивање на седечката култура.
Пред тоа, имало насилства и секако борба околу територија, но дури кон почетокот на развојот на земјоделството започнале сериозните крвопролевања.
Од тогаш поминале 10-20.000 години, а во последните пет милениуми веројатно немало секунда некаде на планетата да не се водела војна околу земја или ресурси.
Некои од тие војни биле исклучително долготраји и тоа често само формални. Понекогаш биле и заборавени од стран ана оние кои ги започнале. некогаш ниту капка крв не била пролеана.
Пред вас се 11 најдолги конфликти на сите времиња
- Римската република против Картагина 0 2.134 години
Рим изглеол како победник од Првата и Втората пунска војна, но тоа не било доволно, па следејќи го марк Порциј Катон – кој долго ги држел говорите во Сенатот, врзани или неврзани за оваа тема, завршил со зборовите „меѓу другото, мислам дека Картагина треба да ја уништиме“, па така започнале и трета војна.
Картагина навистина била уништена, но никогаш службено не се предала, на конец, немало кој да се предаде затоа што Римјаните се убиле или поробиле, а градот го срушиле. Конечно во 1985. година, градоначалниците на модерниот Рим и модерната Картагина потпишале церемонијален мировен договор како знак за пријателство и тоа меѓу рушевините на стара Картагина.
- Тајван против Холандија – 359 години
Холанѓаните пристигнале на островот Формоз, кој денеска го знаеме како Тајван, во 1623. година. Првин само се основала трговската испостава, но потоа им текнало дека нивна должност е да го крстат локалното население.
Оние кои не сакале да променат вера, биле приморани насилно. Тоа довело до востание на племето Таромак, и до холандско објавување на војна. Кинезите се интересирале и ги поразиле Холанѓаните, но никогаш не е потпишан официјален мир.
Барем не до 2010 година, кога претставник на една холандска трговска компанија го пронашол моменталиот духовен лидер на оваа племе и побарал прошка, која и ја добил. Тоа може да се нарече склопување на мир.
- Остров Сили против Холандија – 335 години
Овој мал архипелаг на југозападот на Британија било место на кое се повлекла Кралската фолта за време на Англиската граѓанска војна кон средината на 17. век.
Откако на Холанѓаните им било поважно да имаат добри односи со Англичаните, а во граѓанската војна парламентарната струја делувала победнички, се приклониле кон неа и објавиле војна против островот Сили.
Ројалистите бргу се предале, а Холанѓаните заборавиле на се. Но, не и жителите на Сили, кои во 1985 година, тамошен историчар пишал писмо до холандската амбасада во Лондон да истражат дали војната е само локална легенда или навистина се случила.
На нивно големо изненадување, Холанѓаните установиле дека војната е реална и дека уште трае. Следната година холандскиот амбасадор дошол на островот и потпишал мировен договор.
Меѓу најодлгите војни во историјата се бележат и:
4. Уескар против Данска – 172 години
5. Бервик на Твид против Русија – 113 години
6. Црна Гора против Јапонија – 101 година
7. Таун Лајн, Њујорк против САД – 84 години
8. Северна Кореја против Јужна Кореја и САД – 62 години и се уте трае
9. Сојузниците против Германија – 51 година
10. Костарика против Германија – 27 години
11. Андора против Германија – 25 години