Воената хунта во Мјанмар ослободи 2.153 затвореници

Сподели со своите пријатели

Воените власти во Мјанмар денеска ја објавија одлуката за амнестија на 2.153 затвореници осудени за несогласување со режимот.

Loading...

Одлуката за амнестија е донесена по повод будистички фестивал.

Војската ослободила „2.153 затвореници кои отслужуваат казна според член 505(а)“, се вели во соопштението на воените власти.

Ова е член од законот кој често се користи против новинари или активисти во Мјанмар.

Контроверзниот закон, на кој се повикаа воените власти по државниот удар во февруари 2021 година, предвидува казна затвор до три години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето