Воен авион се урна во Егејското море

Сподели со своите пријатели

Грчки воен авион се урна денеска во Егејското море по враќање од патрола, а пилотот го загибил животот.

Министерот за одбрана на Грција, панос Каменос објави дека загинал пилотот на борбениот авион „Мираж 2000-5“, кој се урна северно од островот Скирос, а дека се „придружил на пантеонот херои“, јавува агенцијата АНА.

– Падна за верата и земјата, борејќи се да го одбрани националниот суверенитет и нашиот територијален интегритет. Земјата му се поклонува во тага. Најдлабоко сочувство до неговото семејство и целокупниот екипаж на Хеленските воздушни сили, напишал Каменос на социјалните мрежи.

АП претходно пренесе соопштение на грчкото Министерство за одбрана дека авионот се урнал северно од островот Скирос, а причина за падот не е соопштена.

Грчките бродови и воени хеликоптери трагале по исчезнатиот пилот, а АП наведе дека патролирањето во тоа подрачје е интензивирано последните седмици поради порастот на напнатоста помеѓу Грција и Турција околу сопрниот воздушен простор.

Leave a Reply