„Водовод“ работело со добивка во првите девет месеци годинава

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Водовод“ работело со добивка во првите девет месеци од оваа година, при што бил остварен приход од 3,1 милиони денари, беше истакнато на последната седница на Советот на Општина Куманово кога беа разгледувани и финансиските извештаи.

Како што рече претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Валентина Младеновска, „Водовод“ од први јули до 30 септември годинава остварило добивка од 2,9 милиони денари.

Образложувајќи го извештајот пред советниците, Младеновска рече дека за првите девет месеци јавното претпријатие „Водовод“ ги намалило приходите за околу 1.600.000 денари, во однос на истиот период претходната година, но и расходите за околу 31 милион денари во првите девет месеци.

– Во финансиските извештаи за првите девет месеци искажало намалување на приходите од околу 1.600.000 денари, во однос на истиот период 2020, година, односно од 01.07. до 30.09 .2021. Комисијата констатираше дека јавното претпријатие во финансиските извештаи искажало помалку приходи за околу еден милион денари во однос на истиот третиот квартал 2020. Во првите девет месеци расходите се намалени за околу 31 милион денари, што во најголем дел се должи на непостоење на расход за камата за кредитот на Европска банка за развој, кој што е вратен во 2020 година, додека за периодот 01.07. – 30.09. има зголемување на расходите за околу 2 милиона и 300.000 денари во однос на третиот квартал 2020 година, рече Младеновска.

 

 

Како што рече таа, според изветајот, обврските по основ на плати и придонеси се подмируваат во рамките на финансиските можности, а обврските по основ на даноци се плаќаат во моментот на нивното настанување.

– Најголеми зголемувања кај расходите се искажани кај поштенските, телефонските и интернет трошоците, кај останатите трошоци на вработените и кај надоместоците на трошоци на вработените. Обврските кон добавувачите на 30.09. 2021 година се намалени за три милиони денари, а побарувањата од купувачите на 30.09.2021 година се зголемени за 16 милиони денари во однос на 30.09.2020 година, рече советничката од ВМРО-ДПМНЕ Валентина Младеновска.

Пофалби за работењето на оваа јавно претпријатие пристигнаа и од советничката Елена Доцевска – Божиновска која истакна дека „Водовод“ работи домаќински и дека нема издвоено ниту денар за ставката за дневници, службени патувања, ноќевања и патни трошоци, како во првите девет месеци од годинава, така и во изминатата година.

– Сакам да го потенцирам делот односно ставката за дневници, службени патувања, ноќевања и патни трошоци, што е за пофалба, со оглед на тоа што за девет месеци немаат издвоено ниту денар како во 2020. така и во 2021 година. Лично сметам дека токму вака треба да сед работи, заради економската сосотјба во која се наоѓаат јавните претпријатија и државата, да се работи домаќински и да се води сметка таму каде што нема потреба да се одлеваат средства од граѓаните, истите да не се одлеваат, вели таа.

 

 

Според Доцевска – Божиновска светол пример е и делот со трошоци за репрезентација каде се потрошени 47.000 денари за девет месеци, но како што рече треба да се обрне внимание на поштенски, телефонски услуги, интернет.

–  Има големо отстапување споредбено со претходната година за три месеци биле 309.000 денари оваа година се милион и сто, сугестија само да се да се внимава на тие ставки каде што може да се заштеди максимално да ги штедиме парите на граѓаните и истите да ги пренасочиме за решавање на проблемите кои што се од интерес на граѓаните, рече Елена Доцевска-Божиновска, советник ВМРО-ДПМНЕ

Според директорот на ЈП „Водовод“ Оливер Стојмановски зголемените трошоци за поштенски, телефонски услуги, интернет се докжат на еднократно зголемување од страна на поштата за 100 отсто.

– Од 12 денари добивме цена од 25 денари, добивме три фактури за истиот тој период кои што беа со новите цени во износ од  500.000 денари, истите фактури ги вративме. Корегирани фактури значи добивме во ова тримесечје, во седмиот месец и тие се прокнижени во овој финансиски извештај. Нема никакво зголемување, туку станува збор за оние фактури кои  што биле вратени во 20218-та година, рече директорот Стојмановски.

 

Никола Ивановски