„Водовод“ не може да ги преземе селските водоводи, оти немаат документација

Сподели со своите пријатели

Кумановските села немаат соодветна водоводна инфраструктура, а најголем дел од нив имаат водовод менаџиран од самите месни жители.

Loading...

Такви водоводни мрежи имаат Агино Село,Скачковце, Орашац, Тромеѓа, Романовце и многу други, оти како што вели градоначалникот Максим Димитриевски, тие совевремено се градени со месен самопридонес од граѓаните.

Еден ден би требало да ги преземе Јавното претпријатие „Водовод“, но тоа во овој момент не е можно оти нема техничка документација кога и како овие системи се градени.

– „Водовод“ не презема обврска, самите системи за него би биле губиток поради голем број диви приклучоци, неорганизирани мрежи, дополнително несоодветен третман и изградба на истите и она што е најголем проблем самите граѓани корисници не се согласуваат со такви постапки оти ќе бидат приморани по ставање на овие системи под „Водовод“ да плаќаат иста цена за вода како што плаќаат и останатите граѓани во урбаниот дел од градот, појаснува градоначалникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одрон кај Страцин го затвори патот Куманово – Крива Паланка

Димитриевски вели дека, иако Општина Куманово е една од финансиски најдобро стоечките во државата, тоа се сепак огромни капитални проекти.

– Само изградба на пречистителна станица во село Романовце чини од 6 до 8 милиони евра, по проектот кој го има работено фирмата „Геинг“ за проектирање на вакви капацитети. Над 20 километри мрежа за селото би чинело 5 до 6 милиони евра, па еве имаме 46 села грубо пресметајте, ако за Романовце треба околу 13 милиони евра и плус нов систем за водоснабдување колку би чинело за цела територија на рурална средина, вели Димитриевски.

Но, не е само да се постави цевка, вели Димитриевски. Владата не дала пари за изградба на цевковод од Куманово до Глажња.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сиљановска Давкова на 2 Август во Пелинце

– Во рамки на капитални проекти на мојата програма и тогашната моја партија имаше за нов цевковод од Куманово до Глажња каде период на имплементација беше осум години. Проект финансиран од Влада на Република Македонија, за кој ние не добивме ни еден денар од државата, а беше аплициран неколку пати од моја страна преку служби до владата. Проектот е изработен и го има во СИПР, зошто не е инвестирано требаше Битиќи вечра кога беше да даде одговор зошто во Куманово шајка нема заковано. И кога тој цевковод ќе биде изграден со допилнлно напојување на филтер станица со дополнителни 500 литри во секунда може да размислуваме за проширување на водоводна мрежа, до тогаш може да копаме и ставаме цевки, но не можеме да конеткираме ништо на пивка вода, рече првиот човек на градот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет екипи гаснеле пожар од Агино село преку Брзак до Романовце

Димитриевски, сепак вели, ако советниците сметаат дека приоритет се руралните средини може да се предложат за годишната развојна програма, но да се има предвид дека и центарот на градот има водоводна мрежа на некои локации постара и од 50 години која мора да се обнови.

Никола Ивановски