Водостојот на Пчиња двојно повисок од просечниот

Сподели со своите пријатели

За речиси една третина е намален водостојот на Пчиња на мерното место кај Пелинце во однос на вчера, додека кај Катлановска Бања нивото на реката е за една четвртина повисоко од вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Loading...

Сепак, и во двата случаја водостојот на Пчиња е двојно повисок од просечниот за овој период од годината.

Повисок водостој од вообичаениот за септември имаат и поголем број од останатите реки во земјава, како и Дојранското Езеро. Нивоата на другите две природни езера се пониски од просечните и тоа за еден метар кај Преспанското и за 18 сантиметри кај Охридското Езеро.

МИА

Leave a Reply