Водостоите во кумановско и натаму во опаѓање

Сподели со своите пријатели

Според последните информации од мерните станици на Секторот за хидрологија при Управата за хидрометеоролошки работи, водостоите низ кумановскиот регион и натаму се во опаѓање.

Така според последните мерења направени утринава во 8 часот водостојот на реката Кумановка, со мерна станица во селото Добрашане изнесува 65 сантиметри, што е намалување во споредба со 78-те сантиметри од пред два дена.

Во опаѓање е и водостојот на реката Пчиња, со мерна станица во селото Пелинце, каде според мерењата од 8 часот утринава висината на реката изнесува 92 сантиметри, што е солидно намалување во однос на 102 сантиметри измерени во текот на вчерашниот ден.

Слабите врнежи кои денеска паѓаат на територијата на кумановско не би требало да донесат ново покачување на акумулациите и речните текови во регионот.