Водостоите покачени, се очекува додатно зголемување

Сподели со своите пријатели

Последните врнежи кои паднаа изминатите 48 часа предизвикаа одредени покачувања на сите водотеци во државата. Најголеми покачувања на водостоите беа забележани во сливните подрачја на Црн Дрим, Радика, горен Вардар, Пчиња, Кумановска, Крива Река, Црн Дрим, Треска, велат од Секторот за хидрологија при Управата за хидрометеоролошки работи.

Според најавената временска состојба се очекува врнежите да продолжат, но ќе бидат со слаб интензитет. Соодветно на прогнозата за врнежите во понатомошниот тек на денот очекувано е водостоите да продолжат да растат, а тежиштето на водениот бран постепено да се поместуванизводно во долните сливни подрачја.

Во делови на северот и истокот од државата можна е појава на одрони и свлечишта. Иако не се очекуваат поголеми проблеми, сепак повикуваме на внимателност и претпазливост при движење покрај реки и суводолици, особено во сливните подрачја на реките Липковска, Кумановска, Крива, Брегалница, горен Вардар, Треска, Црн Дрим, Радика, Сатеска, Голема Река, горен тек на Црна Река, горен тек на Струмица, Маркова Река, Лепенец, велат од надлежните служби кои ја мониторираат состојбата.

фото: архива

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.