Водостоите на реките повисоки од просечните

Сподели со своите пријатели

Водостоите на речиси сите реки во земјава се повисоки од просекот за февруари, а во однос на вчера има благи поместувања на нивоата во нагорна или надолна линија, покажуваат најновите податоци од мерењата што ги прави Управата за ходрометеоролошки работи (УХМР).

Помал водостој од просечниот имаат Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово и Црна Река кај Новаци.

Нивоата на природните езера во Македонија се во рамките на повеќегодишниот просек за овој месец./МИА


Leave a Reply