Водителка нападната со шрафцигер во програма во живо (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Водителка на една тајландска телевизија се подготвуваше да ги прочита добитните лото броеви кога една жена од публиката ја нападна со шрафцигер од 12 сантиметри.

Loading...

Симката од инцидентот се случила во градот Пхатхалангу, а за среќа водителката Тананја Пипитваничакарн не е повредена.

Жената која ја нападнала е позната само под името Парапан, а откако налета на водителката членовите од тимот ја зграбија. Наводно цело време викала и пцуела, а набргу била приведена и од полицијата.

Изјавила дека само сакала да привлече внимание на полицијата за да го реши проблемот кој го има со својат амајка.

Наводно претходно ја уапсиле, како што вели, под лажно обвинение дека поседувала марихана и сакала полицијата на нејзината мајка да потврди дека тоа не е вистина.

– Беше многу гласна и ги навредуваше полицајците, врескаше и даваше отпор при влегување во полициското возило. Го призна нападот и рече дека само сакала да го реши проблемот со својата мајка. Водителката доживеа траума и е во шок, но не е повредена, рекол полицаецот ВИчаи Вичајанаруепол.

Leave a Reply