Водата за пиење на ТЦ Табановце е чиста и безбедна

Сподели со своите пријатели

Еден бегалец од Ирак и двајца економски мигранти од Иран побарале медицинска помош на ТЦ Табановце, откако се пожалиле на грбоболка односно настинка.

Странските лица со возило на Црвен крст биле транспортирани во Здравствен дом Куманово, а подоцна вратени во Транзитниот центар откако им била дадена ампуларна терапија, јавува Регионалниот центар за управување со кризи.

Инаку, во текот на изминатите 24 часа од страна на ДДД служба при ЦЈЗ Куманово извршена e  дезинфекција на 8 вагони – 1600 м.кв на Железничка станица Куманово, како и дезинфекција на 2500 метри квадратни простор со објекти во пунктот за помош на бегалците во Табановце.

Како што информира РЦУК, резултатoт  од испитуваните примерок  на вода за пиење земени на 05 јануари одговара   за употреба  согласно прописите за безбедност.

Loading...