Водата во браните Липково и Глажња со рекордно ниско ниво (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Долгиот период без врнежи ги остави браните Липково и Глажња, од кои Куманово се снабдева со вода за пиење, на рекордно ниско ниво.

Loading...

Како што вели директорот на АД Водостопанство „Кумановско – Липковско поле“ Оливер Илиевски, ако изминатите години овој период имало до 19 милиони метри кубни вода, сега има само 7.

Сепак појаснува дека тоа ќе биде доволно за снабдување на градот и нема простор за паника меѓу граѓаните.

– Сведоци сме во дека подолг период немаше врнежи, а со тоа дојде до намалување на нивото на браната Глажња и браната Липково, но можам да кажам дека во браните има околу 7 милиони кубика вода, што е една годишна потрошувачка на ЈП „Водовод“ Куманово, така да граѓаните да бидат спокојни дека и следната година ќе има вода за пиење, изјави Илиевски.

Сепак, ако продолжи сушниот период, штета може да претрпат земјоделците, бидејќи нема да има испорака на вода за нив.

– Сакам да кажам на земјоделците да бидат претпазливи за нивните планирања за културите, бидејќи ако нема доволно врнежи на дожд, нема да можеме да извршиме полевање на нивите. Во овој период од годината имало некаде околу 17-19 милиони метри кубни, а сега е околу 7 милиони, така да доколку има доволно врнежи во следниот период и стигне нивото на браната до 17-19 милиони метри кубни ќе вршиме полевање на земјоделските култури, посочи Илиевски.

Loading...

Според пошироката метео прогноза, релативно без врнежи ќе биде и во февруари.

Никола Ивановски

Leave a Reply