Три лица загинаа на истокот на Романија кога маж кој во живо пренесувал снимка од брзо возење на Фејсбук, со спортски автомобил слетал од патот и влетал во нивниот двор.
Loading...
Во несреќата смртно страдале трудница, нејзиното тригодишно дете и 79-годишна жена.
Инцидентот во кој смртно страдале три лица, а едно е повредено, се случил во населбата Вакарени, 250 километри источно од престолнината Букурешт.
Возачот и патникот во автомобилот исто така се повредени. Возачот и покрај здобиените повреди се обидел да избега, но бргу е приведен.