Во Запорожје почнаа подготовки за референдум

Сподели со своите пријатели

Членот на главниот совет на регионалната администрација на регионот Запорожје, на југот на Украина, Владимир Рогов оцени дека регионот Запорожје е засекогаш изгубен за Украина и дека властите во Киев треба да се помират со тоа.

Loading...

Рогов за РИА Новости изјави дека мнозинството жители на регионот Запорожје својата иднина ја гледаат како дел од Русија.

„Затоа почнавме со подготовките за референдумот. Планот е формирање изборни комисии. Режимот на Зеленски сфаќа дека ќе го загуби овој референдум, па ја користи последната можност да го заплаши населението со гранатирање и терористички напади“, рече Рогов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден им испраќа противпешадиски мини на Украинците

Тој додаде дека нема да има одложување на референдумот, туку дека основа за негово одржување е безбедноста, јави Танјуг.

Претходно беше објавено дека референдумот за влез на Запорожје во Руската Федерација би можел да се одржи на почетокот на есента, веројатно во првата половина на септември.

Регионот Херсон и дел од регионот Запорожје околу Азовското Море, на југот на Украина, се под контрола на руските сили.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.