Во вторник потопло со температури до 35 степени

Сподели со своите пријатели

Денешниот ден ќе биде потопол од вчерашниот. Рано утрово е сончево низ земјава, а температурата во 5 часот според мерењата на УХМР имаше вредност околу 15°С низ котлините, јавува порталот Метео Про.

Loading...

Во текот на денот се очекува наоблачување во северозападниот регион. Попладне во овој крај облачност ќе резултира со локален дожд, проследен со ретка појава на грмежи.

Останатите делови од земјава ќе имаат релативно сончево време, со тенденција на мало наоблачување попладне.

 Највисоката вредност на температурата ќе има вредност од 32°С до 35°С во повардарскиот регион и околу 29°С во југозападниот крај.

Извор: метеопро.мк


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.