Во Виена расцуте растение старо 32.000 години

Сподели со своите пријатели

Геномот на растението Silene stenophylla старо 32.000 годии преживеало во 38-метарска подлога на сибирски пермафрост и процуте во епрувета во Виена.

Loading...

Во 2012 година, Светлана Јашина, членка на Руската академија на науките и нејзиниот тим успеаја да ги оживеат растенијата од семето на непознати видови, стари 32.000 години, со својата револуционерна работа во областа на криобиологијата, клеточната биологија и ботаниката.

Благодарение на добрите контакти со нејзините руски колеги, професор Маргит Лајмер, таа доби клонирани растителни ќелии за Виенскиот универзитет за природни ресурси и применети науки (БОКУ), и како изложба за музејот МУМОК.

Цветањето на ова растение ќе придонесе за многу заклучоци за еволуцијата. Врз основа на генетски анализи, можно е да се испита како растителниот геном се развивал и прилагодувал на тогашните климатски услови.

Споредувајќи го растението со неговите сегашни роднини, кои, меѓу другото, вклучуваат и каранфил, истражувачите ќе се обидат да откријат каков е развојот на овој растителен вид и што се сменило во последните 32.000 години.

Leave a Reply