Во Украина досега загинале над 9.200 цивили, меѓу кои 537 деца

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 9.200 цивили загинаа во конфликтот во Украина, изјави заменик-генералниот секретар на Обединетите нации за политички и мировни прашања Розмари Ди Карло.

Loading...

На седницата на Советот за безбедност на ОН во Њујорк, таа рече дека за повеќе од 500 дена од почетокот на руската специјална воена операција во Украина биле убиени 9.287 цивили, меѓу кои 537 деца.

Според неа, ранети се 16.384 лица, меѓу кои 1.117 деца.

– Ова се само потврдени податоци. Вистинскиот број на жртви веројатно е значително поголем – потенцира Дикарлова.

Дикарлова истакна дека 6,3 милиони Украинци се сметаат за бегалци, а дека 5,1 милион од нив се внатрешно раселени, пренесе ТАСС.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Москва ќе ги брани своите интереси на Арктикот

Руското Министерство за одбрана постојано нагласува дека Русија користи оружје со висока прецизност и дека цели само на воени објекти.

Организацијата за човекови права Амнести интернешенел во август објави дека Украина ги крши законите за војна, особено со распоредување воена опрема и оружје во училиштата и болниците.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...