Во Турција запленети 220 килограми кокаин

Сподели со своите пријатели

Турската полиција откри и заплени 220 килограми кокаин на брод што пристигнал од Бразил, соопшти Обвинителството во провинцјата Мерсин.

Loading...

Во полицикста акција приведени се две лица. Дрогата била скриена во контејнер со хартија.

Турција се наоѓа на така наречената балканска рута на илегалната трговија со дрога, што се користи за снабдување на Европа со наркотици од Азија и од Блиски Исток.

Марина Илиевска

Leave a Reply