Во Турција 15 лица се уапсени поради уривањето на зградите

Сподели со своите пријатели

Во Турција се уапсени 15 лица под обвинение за градежни недостатоци на згради кои се урнаа во земјотрес во провинцијата Дијарбакир, јавува N2, повикувајќи се на Анадолија.

Loading...

Обвинителството во Дијарбакир отвори истрага за утврдување на недостатоците во изградбата на зградите кои се урнаа во земјотресот на 6 февруари.

Полицијата денеска уапси 15 осомничени меѓу кои и изведувачи, а се товарат за кривично дело „убиство со умисла“.

Во тек се напори за апсење на уште шестмина осомничени кои се во бегство.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала во понеделникот на 6 февруари ги погодија јужните делови на Турција со епицентар во Кахраманмарас.

Бројот на загинатите во земјотресите во Турција се искачи на 35.418, а во соседна Сирија на 3.688.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.