Во три атински општини се воведуваат построги мерки

Сподели со своите пријатели

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 78 смртни и 1.155 нови случаи на Ковид-19, а грчката Влада, во три атински општини воведува построги мерки со подолг полициски час, затворени бизниси, интензивни контроли, тестирања и информативна кампања,  јави дописничката на МИА од Атина.

Loading...

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на вонредна прес конференција, попладнево ги соопшти мерките што се однесуваат на општините Аспропиргос, Елевсина и Мандра што се наоѓаат во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а ќе бидат во сила во следните седум дена.

Полицискиот час ќе биде од 18 часот до 5 часот наутро, ќе бидат затворени фризерските салони и берберниците, салоните за маникир и педикир, пазарите, книжарниците, како и сите продавници за малопродажба што беа отворени за услугата „click away“,  забранет е секаков вид на религиозни ритуали, ќе се спроведуваат тестирања со брзи тестови, но ќе се прават и масовни ПЦР тест на вработените во компаниите во конкретните населби.

Паралелно, потврдените случаи на Ковид-19 за кои не е потребна хоспитализација во болница и кога нема да биде изводлива нивна изолација во домовите, ќе видат сместени во посебни простори и центри.

Локалните власти масовно ќе делат маски, а ќе се спроведе и кампања за информирање на граѓаните во која ќе бидат вклучени антрополози психолози, социолози, поради како што рече Хардаљас, специфичниот профил на населението во конкретните области.

Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани 128.710 позитивни случаи, а починаа вкупно 3.948 лица.

Сања Ристовска, Грција

Leave a Reply