Во третиот квартал со воз превезени 68.000 патници, 199.184 со авион

Сподели со своите пријатели

Во третиот квартал годинава во патниот патнички превоз, бројот на превезени патници изнесува 638 000, во градско-приградскиот превоз 9 186 000, во железничкиот 68 000, а во воздухопловниот превоз 199 184, објави денеска Државниот завод за статистика.

Loading...

Бројот на патници со воз во третиот квартал годинава споредено со истиотквартал лани е намален за 44,2 отсто, додека намалувањето кај патниците со авион изнесува 77,4 отсто.

Во споредба со третиот квартал лани, во третото тримесечие годинава количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 26,8  проценти, во железничкиот превоз е зголемено за 4,4 проценти, додека во воздухопловниот превоз е намаленo за 40,1 процент.

Лидија Велковска

Leave a Reply