Најмалку еден цивил загина, а голем број куќи се уништени во новите руски напади врз Украина, соопштија украинските власти.
Според податоците на украинската армија, соборени се 16 од 32 ракети кои Русија ги лансираше во текот на ноќта од авиони и бродови во Црното Море.
„Имаше напади во регионите на Днепропетровск и Кировоград“, изјави Андриј Јермак, претставник на администрацијата на украинскиот претседател, пренесува Бета.
Гувернерот на регионот Днепропетровск, Сергиј Лисак, објави слики од пожарникарски возила во акција во населбата во која загина 79-годишна жена и каде има уништени и оштетени куќи.
Гувернерот на Лавов, Максим Козицки, му рекол дека во нападот била погодена „важна инфраструктура“ и дека нема жртви.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.