Во тек се подготовки за пренос на тешка воена опрема од Вагнер во вооружените сили

Сподели со своите пријатели

Во тек се подготовките за префрлање на тешка воена опрема на паравоената група „Вагнер“ на активните единици на руските вооружени сили, соопшти денеска Министерството за одбрана на Русија.

Loading...

Претходно, Истражниот оддел на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија објави дека ја прекина кривичната постапка во врска со вооружениот бунт на паравоената група „Вагнер“, бидејќи биле утврдено дека нејзините учесници ги прекинаа акциите директно насочени кон извршувањето на криминал на 24 јуни, објави РИА Новости.

Администрацијата на ФСБ започна постапка против шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин за организирање вооружен бунт на 23 јуни, откако силите на „Вагнер“ го окупираа седиштето на Јужниот воен округ во Ростов-на-Дон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рјабков: Преговорите со Америка не се неопходни по секоја цена

Пригожин го објасни бунтот со тврдењето дека руската армија наводно извршила ракетни и бомбашки напади врз задните кампови „Вагнер“.

Изјавата на Пригожин беше демантирана од руското Министерство за одбрана и ФСБ.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, со одобрение на рускиот претседател Владимир Путин, преговараше со Пригожин во саботата, кога беше постигнат договор да се запре напредувањето на „Вагнер“ и ситуацијата се деескалираше.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков објасни дека Пригожин ќе може да замине во Белорусија и дека кривичната постапка ќе биде прекината.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...