Во тек се физичките проверки за новите кандидати за полицајци (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Центарот за обука во Идризово заедно со раководството на МВР проследи дел од физичките проверки во процесот на селекција на пријавените лица за полициски службеници по последниот објавен јавен оглас, за кои процесот на селекција започна оваа недела и опфаќа повеќе фази.

Loading...

Спасовски пред медиумите изјави дека во дадениот конкурсен рок на јавниот оглас се пријавиле вкупно 1867 кандидати, од кои 1482 се мажи, 385 жени, што според него доволно говори за позитивниот имиџ што МВР го има меѓу младите.

 

 

„Сите овие млади луѓе во рамки на сеопфатниот концепт на селекција ќе минат најпрво преку физичките проверки, потоа психолошките тестирања во чиј дел за прв пат ќе биде спроведен и Тестот за интегритет согласно новите законски измени и препораките од ГРЕКО, по што ќе следуваа општо образовен тест, интервју, како и здравствени прегледи и безбедносните проверки”, потенцираше Спасовски.

 

Loading...

 

,,Процесот на избор на кандидати, ќе се одвива согласно Законот за внатрешни работи каде 660 кандидати, односно за 10 проценти повеќе од предвидената бројка на барани извршители преку теоретска и практична едукација во три образовни модули во траење од по четири месеци, преку рангирање ќе бидат избрани идните 600 полициски службеници на Министерството за внатрешни работи со кои ќе склучиме договори за вработување на работна позиција приправник-полицаец, со обврска најмалку пет години да работата во министерството”, истакна министерот Спасовски, посакувајќи им на сите пријавени кандидати успех во сите фази на селективната постапка.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...