Во тек е тендерската постапка за потпорен ѕид на ООУ „Кочо Рацин“

Сподели со своите пријатели

Своја реакција на прес конференцијата на општинскиот комитет имаше и градоначалникот Зоран Дамјановски кој вели дека тендерската постапка за изградба на потпорниот ѕид е во изработка и се очекува негово финиширање во текот на летните и есенските месеци.

Точно е дека тој потпорен ѕид беше склонопаден, имаше иницијатива од Совет на родители, локалната самоуправа организираше маханизација тој склонопаден дел од ѕидот беше урнат за да се отстрани било каква закана за безбедноста на учениците, оградено адекватно. Во моментот ревидираниот проект кој се изработуваше од лиценцирани проектантски куќи и ревизии е во фаза на издавање на дозвола за 22 метри потпорен ѕид на ООУ „Кочо Рацин“. Ние многу долго немавме можност за тендерска постапка, потпишување договори, сега кога се заврши тој процес, кога ги добивме проектите во фаз ана издавање на дозвола во фаза е тендерска постапка за изработка на тој ѕид.

Локалната самоуправазаедно со добронамерниците кои сакаа да помогнат, тоа е Совет на родители, ангажиравме оператива од Општина Куманово и тој склонопаден ѕид беше отклонет, изградбата на новиот се очекува во летните и есенските месеци со завршување на тендерската постапка и изградба на нов ѕид кој на некој начин ќе го реши тоа. Точно го немам видено проектот, но дадов сугестија за да може да биде и хортикултурно уреден.

Мои сограѓани, опоненти, членови на ВМРО, се она што како дневна доза сакате да го пласирате во јавноста, претходно ќе мора да ги согледате сите ваши тврдења – рече Дамјановски.

фото: архива