Големата употреба на пестициди, меѓу другото, избриша околу половина од сите видови на инсекти од 1970 година, а сега е откриено дека 41% од милиони познати видови бубачки се истребени.
Многу птици, влекачи, мали цицачи и риби ќе останат без храна, а со 87 проценти од растенијата на кои им е потребно опрашување со инсекти, човечкото опстојување е доведено во прашање.
– Можеше да биде многу полошо. Едноставно не знаеме, што е страшно – рече професорот по биологија Дејв Гулсон од универзитетот Сасекс, автор на студијата за британскиот фонд за животински свет.
– Ако не престане падот на бројот на инсекти, ќе има последици по целиот живот на Земјата и човековата благосостојба.
Тој истакна дека три четвртини од нашите култури зависат од опрашување на инсекти.
– Насадите ќе почнат да се распаѓаат. Нема да имаме работи како јагоди. Не можеме да храниме 7,5 милијарди луѓе без инсекти – изјави Гулсон за Си-Ен-Ен.
Во меѓувреме, употребата на пестициди се удвои во последните 25 години, а најмалку 23 видови пчели и оси исчезнаа за тоа време.
Џиновски и опасни: Нема да верувате дека овие инсекти сепак постојат (видео)
Гулсон верува дека на Британија може да и помогне тоа што ќе ја напушти Европската унија во овој поглед.
– Што и да мислат луѓето на Брегзит, тоа е можност за целосна реформа на нашиот земјоделски систем – рече тој.
Новиот извештај посочува дека сите можеме да дејствуваме како чувари на живот, ако преземеме релативно мали чекори за да помогнеме да се запре катастрофалниот пад на бројот и видови на инсекти.
– Инсектите живеат во нашите паркови и градини. Градинарите можат да направат разлика. Вистинскиот предизвик е да се балансира земјоделството со дивиот свет. Намалување на пестициди. Тоа би било многу корисно – истакнува Гулсон.
Пријавени се колапси кај популацијата на инсекти во Германија и Порто Рико.
Во извештајот објавен претходно оваа година, се проценува дека бројот на инсекти паѓа за 2,5 проценти секоја година.
Нивниот убод боли, но нивното исчезнување ќе боли уште повеќе!
Во Северна Америка, во последните 25 години забележан е масовен пад на пет видови на бубамари, при што Фреклиновиот бумбар е целосно изумрен. Во Охајо популацијата на пеперутки се намалила за една третина.
Гулсон посочува дека има над 70 студии кои покажуваат пад на бројот на инсекти низ целиот свет, но дека има голем јаз во податоците, особено надвор од Европа и Северна Америка.
– Информациите за популацијата на инсекти во тропските предели, каде што повеќето живеат, е ретка. Можеме да претпоставиме само какво влијание ќе има животот на инсектите врз сечата во шумите во Амазон, Конго или Источна Азија – рече тој, додавајќи дека бројот на птици кои се хранат со инсекти се намалува и на многу места.
Гулсон изјави дека загубата на живеалиштата е најголемата причина за падот на бројот на инсекти на глобално ниво, но придонесува и употребата на пестициди и климатските промени.