Во таксито му влезе пријател кој не го видел 20 години: Емотивната сцена воодушеви милиони (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дени Б. и Џон Џ. не се виделе повеќе од 20 години. Добрите пријатели судбината ги разделила на почетокот на новиот милениум, а потоа еден ден повторно се обединија под неочекувани околности – во таксито на Дени.

Loading...

Имено, кога Дени го прифатил возењето, не му паднало на памет дека ќе сретне некој со кој поминувал многу време, а двајцата некогаш работеле во познатиот ноќен клуб „Феномен“.

Моментот кога сфатиле дека се познаваат стана хит на ТикТок (над осум милиони прегледи) и Reddit, толку многу што стотици корисници побараа од Дени да објави подолга верзија на видеото, што тој го направи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НЕВЕРОЈАТНИ СЦЕНИ: Во Амазон снимено племе со кое никогаш не е стапено во контакт (ВИДЕО)

За време на возењето, двајцата пријатели се присетија на своите спомени и заеднички пријатели, ветувајќи дека ќе се сретнат повторно, пренесува Net.hr.

„Се надевам дека никогаш повеќе нема да го изгубиме контактот“, напиша Дени, додавајќи колку и двајцата биле среќни со претежно позитивните коментари, кои досега собрале речиси 7.000.

„Не можам да верувам дека видеото стана вирално и трогна толку многу луѓе. Ви благодарам на сите за љубовта”, се заблагодари тој.

Инаку, Дени и Џон работеле во клуб наречен Феномен, кој бил популарно место за излегување во Далас. Го посетувале музичари, спортисти, манекенки, актери…

 

Loading...

 

@danny.b106 Part 2 of 3 or 4 (I’ll try to post by Monday). We Appreciate the love and the follows and glad we made people all over the world. Cant belive this went as viral as it did and touched so many. It’s truly humbling to us both give @John Johnson a follow. His laugh makes me laugh too….One Love #Uber #Uberdriver ♬ original sound – danny.b106