Во светот повеќе од 37 милиони луѓе се заразени со Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Бројот на инфицирани луѓе со новиот корнавирус во светот синоќа се искачи над 37 милиони, покажуваат податоците на интернет страницата на „Ворлдметрс“ (Worldоmeters).

Loading...

Од последици од Ковид-19 починаа 1,07 милиони луѓе, а оздравеле 27,8 милиони.

Најголем број назаразени има во САД – 7,8 милиони луѓе, од кои 218.000 починале.

Потоа следи Индија со речиси седум милиони луѓе заразени и 107.000 починати, а на трето место е Бразилсо пет милиони инфицирани и речиси 150.000 смртни случаи.

Над еден милион заболени регистрирани се во Русија, каде од последици наКовид-19 починаа околу 22.000 луѓе.

Марина Илиевска

Leave a Reply