Во светот има повеќе ултрабогаташи отколку што Малта или Исланд имаат жители

Сподели со своите пријатели

Промените на финансиските пазари, зголемувањето на цените на акциите и зголемувањето на вредностите на недвижностите предизвикаа прилично големо зголемување на бројот на ултра богати луѓе во светот, оние со средства над 30 милиони долари.

Loading...

Според најновите податоци, во светот во 2019 година, бројот на ултрабогати луѓе е зголемен за дури 31.000, така што денес тие се нешто повеќе од половина милион, или, поточно 513.244.

Контроверзен бордел само за богаташи: Членарината чини 1,6 милиони долари, а локацијата е тајна (ВИДЕО)

Ова значи дека бројот на ултрабогати луѓе во светот е поголем од популацијата на некои земји како што се Исланд, Малта, Белизе…

Секако, овој број не е конечен затоа што бројот на ултрабогати луѓе и нивната акумулација на богатство постојано се зголемува.

Се проценува дека бројот на луѓе со „тежина“ од најмалку 30 милиони американски долари во текот на следните четири години ќе порасне на повеќе од 650.000 низ целиот свет, благодарение во голема мерка на новодојденците во тој „клуб“ од Индија, Кина, Виетнам, Индонезија и Египет, најмногу од земји што на Запад ги сметаат за држави од третиот свет.

Никој не зборува за мрачната страна на градот кој стана престолнина на богаташите (ФОТО)

Во моментов, повеќето ултрабогати се во САД, вкупно 240.000. Кина е втора на листата со нешто над 61.000 ултрабогати луѓе, а следат Германија, Франција, Јапонија, Велика Британија…

Loading...

Покрај бројот на ултра богати луѓе, расте бројот на богати луѓе чие богатство се проценува на повеќе од 1 милион долари. Тие во моментов се околу 50 милиони низ целиот свет, надминувајќи го бројот на населението на Шпанија или Аргентина.

Богаташи од Нигерија порачуваат пица од Лондон

Се разбира, повеќето од нив се наоѓаат во САД, а добар дел од нивните средства главно се поврзани со недвижнини и сопственост на акции на многу компании.

„И покрај сето ова, интересно е да се види како се развива богатството низ цела Азија, со рапидно растечкиот број ултра богати луѓе во Индија, Виетнам, Кина и Малезија“, вели Лиам Бејли, директор за аналитика во Најт Френк, Лондон.

Според проценките на тој аналитичар, бројот на ултрабогати луѓе во Индија ќе порасне за 73 проценти во наредните пет години, многу побрзо од бројот на ултра богати луѓе на Западот.

Секс-гуру ги учи жените како да заведуваат богаташи (ФОТО)

На пример, минатата година бројот на ултрабогати луѓе во Германија се зголеми за околу пет проценти, па дури и падна во Велика Британија за околу четири проценти, во најголем дел заради Брегзит.

Leave a Reply