Во светот има 130 загрозени изолирани племиња на кои им прети истребување (видео)

Сподели со своите пријатели

Се смета дека моментално во светот има околу 130 племиња кои никогаш немале контакт со модерниот свет, а поголемиот дел од нив се наоѓаат во Бразил.

Loading...

Луѓе од 240 племиња се 0.4% од целокупната популација на Бразил, но во 16 век, тие биле над 2.000 племенски заедници. Овие племиња се среќаваат со бројни опасности по својот понатамошен опстанок.

Племе „Ава“(Awá)

awa-tribe

Ова е еден од ректите преостанати номадски племиња во Бразил кои се занимаваат со лов. Целото племе брои 355 преживеани членови, а сместени се во источниот дел од Амазон. По нивниот опстанок, најголема опасност претставуваат агро-индустриските проекти, ранчеви, проширување на градовите, болести и легални дрвосечи. Некои го сметаат  и за најзагрозено племе на светот.

Племе Сентинел (Sentinel)

north-sentinel-island

Оваа племе најверојатно живеело на островите Андаман пред 60.000 години. Денес, племето Сентинел е познато  по доста непријателската настроеност на членовите со кои е невозможно да се оствари контакт. Тие живеат на остоворот Северен Сентинел во Индија, а најголема опасност во нивното сочувување се природните катастрофи (цунамито од 2004 година) и болести на кои не се имуни.

Loading...

Племе Короваи (Korowai)

Korowai

Оваа племе е познато по единствените куќу на дрво во џунгала во Папуа Нова Гвинеја која претставува нивен дом. Најголема опасност по нивниот опстанот се рударите, сопствениците на фабрики, дрвосечачите и други кои во потрага по природни ресурси доаѓаат на нивната територија. Се зборува дека обичај во ова племе е да ги јадат своите членови за кои се мисли дека се запоседнати од зли духови.

Племе Кавахива (Kawahiva)

Kawahiva

Оваа племе е едно од ретките изолирани племиња во бразил, кое брои само 50 членови. Она што најмногу влијаело на нивното намалување се дрвосечачите во Амазон кои дошле на нивна земја и брутално ги малтретирале. Исто така, покосени се и од вообичаени болести за нас на кои тие не се имуни. Актерот Марк Рејленс покренал кампања во која бара од бразилските власти да направат резерват во прашумата за семи-номадското племе Кавахиа.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.