Во светот дневно умираат по 800 трудници

Сподели со своите пријатели

Во светот дневно умираат околу 800 трудницим, меѓу кои и 507 во подрачја зафатени со војна, каде не се пружа соодветна здравствена помош, се наведува во новиот извештај на Обединетите нации, „Состојбата на светската популација во 2015“.

Loading...

Претставникот на Популацискиот фонд на ООН за Турција Карл Кулеса, во интервју за Анадолу агенцијата во врска со извештајот рекол дека хуманитарната помош во подрачјата зафатени со војна се од огромно значење и дека не се заснова само на вода, храна, лекови и облека.

Според неговите зборови, пружањето на здравствените услуги во рамките на хуманитарната помош е исто така од огромно значење.

Во доставувањето хуманитарна помош често се занемаруваат здравствените потреби на жените и децата. Извештајот укажува дека жените и младите женски личности, поради несоодветната здравстевна подршка за заштита од ХИВ или користење на услуги на бабици ги губат своите животи – вели Кулеса.

Тој истакнува дека како денес 100 милиони луѓе имаат потреба од хуманитарна помош, од кои 26 милиони од таа цифра се жени во репродуктивно доба.

Поради несоодветната здравствена помош, три од пет мајки кои умираат се оние во подрачјите зафатени со војна. Нашата цел секако е да ја намалиме таа бројка. Во светот денес на дневна баа умираат околу 800 ѓени во текот на бременоста или породувањето, поради несоодветната нега. Меѓутоа, од нив 507 се во подрачја зафатени со војна. Темелната причина за овој проблем е падот на ифраструктурата во здравствената заштита – вели Кулеса.