Бројот на луѓе кои се соочуваат со акутна несигурност на храна ширум светот е повеќе од двојно зголемен на 345 милиони од 2019 година поради пандемијата COVID-19, конфликтот и климатските промени, објави Светската програма за храна (WFP).
Пред кризата со корона вирусот, 135 милиони страдаа од акутен глад во светот, изјави за Ројтерс Корин Флејшер, регионална директорка на Светската храна за храна, пренесува Танјуг.
Оттогаш, бројките се зголемија, а се очекува нивно дополнително зголемување поради климатските промени и конфликтите.
Блискиот Исток и Северна Африка под влијание на украинската криза
„Светот едноставно не може да си го дозволи ова“, рече Флејшер.
„Сега гледаме десет пати повеќе раселување низ целиот свет поради климатските промени и конфликти и секако дека е меѓусебно поврзано. Навистина сме загрижени за комбинираниот ефект на Ковид, климатските промени и војната во Украина“, рече таа.
Влијанието на украинската криза, како што објасни таа, има големи последици особено на Блискиот Исток и Северна Африка, наведувајќи го примерот на Јемен, кој увезува 90 отсто од потребите за храна, а околу 30 отсто од регионот на Црното Море.