Во пресрет на православниот верски празник Ѓурѓовден, денес во Општина Старо Нагоричане ќе се одржи традиционална прослава „Ѓурѓевденски Собир 2015“. Прославата ќе се одржи во с. Старо Нагоричане, на новиот плоштад покрај црквата Свети Ѓорѓи.
Петта година по ред ќе се пече бик на ражен, а за културно – уметничкиот програм е задолжен КУД „Српски Вез“, КУД „Карпош“ и гости од Бор . Децата кои вредно вежбаа ќе се претстават со своите игри и песни, информираат организаторите.
Прославата е помогната и поддржана од страна на Министерство за надворешни работи -Управа за соработка со дијаспора и Србите во регионот, како и од Министерство за култура на Р.Македонија.