Во средните училишта во Куманово во прва година може да се запишат 2.500 ученици

Сподели со своите пријатели

Во петте средни училишта во Куманово, во прва година според конкусрот на Министерството за образование и наука право на упис имаат над 2500 ученици.

Според МОН, во кумановската гимназија „Гоце Делчев“, право на упис за прва година имаат 374 ученици во 11 паралелки  во десет со настава на македонски и во една со настава на сприски јазик. Во гимназијата „Сами Фрашериќе се запишат 272 ученици во осум паралелки со настава на албански јазик . За двете гимназии потребни се минимум 60 поени.

Во средното стручно училишта „Киро Бурназ“ во прва година е планирано да се запишат 510 ученици во 15 паралелки  од кои 374 ученици во 11 паралелки со настава на македонски и 136 ученици во четири паралелки со настава на албански јазик. Учениците можат да одберат земјоделско ветеринрана струка со повеќе насоки, хемиско технолошка, лични услуги и машинска струка. За упис им се потреби од 30 до 45 поени во зависност од струката.

Во средно општинско училиште „Перо Наков“ ќе се запишат 714 ученици во 21 паралелка, 340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски и 374 ученици во 11 паралелки со настава на албански јазик. Ова училиште нуди економско-правна и трговска струка и текстилно кожарска со повеќе насоки, за што се потреби 60 односно 45 поени.

Шестотини осумдесет и четири ученици се предвидени да се запишат во стручното „Наце Буѓони од кои 330 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 354 ученици во 11 паралелки со настава на албански јазик во машинска струка, електротехничка и здравствена со 30, 45, 60 и 70 поени.

Во липковската гимназија „Имсет Јашари“, право на упис имаат 136 ученици во четири паралелки со настава на албански јазик за што се потребни 60 поени.

Во јуни има два уписни рока на 28 и 29 јуни и на 5 јули. Во август уписот ќе се врши на 24 август.

Leave a Reply