Во среда се отвора традиционалната ликовна колонија ”Куманово 2015”

Сподели со своите пријатели

Во Меморијалниот центар „АСНОМ“  во с. Пелинце, Куманово, утре започнува  Ликовната колонија “Куманово 2015”.

Loading...

Ликовната колонија “Куманово” се организира од страна на Уметничката галерија при НУ Музеј – Куманово и Општина Куманово (Сектор за култура и Фондација за култура и спорт) уште од 1974 година.

Повеќе од 600 значајни уметници од целиот свет зеле учество и оставиле (донирале), повеќе од 900 уметнички дела, кои сега се сместени во депото на Уметничата галерија во Куманово.

На овогодинешната Колонија ќе земат учество голем број на реномирани уметници како од Македонија, така и од странство.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.