Во среда – прв натпревар на КК Куманово во рамките на ФИБА Еврокуп

Сподели со своите пријатели

Со натпревар на гостински терен против екипата на Турк Телеком , Кошаркарскиот клуб Куманово во среда ќе го одигра првиот натпревар во новоформираниот ФИБА Еврокуп кој стартува од оваа година.

Loading...

Кошаркарскиот Клуб Куманово, на претстојните натпревари во рамките на ФИБА Еврокупот, според распоредот е дел од групата Ј во која кумановчани ги очекуваат пресметки со познати кошаркарски ривали.

Турскиот Турк Телеком Анкара е носител на групата, во која покрај овој состав, Куманово за противник ќе го има уште и полскиот Роса Радом, како и финскиот претставник КТП Баскет.

kk

Инаку, во рамките на ФИБА ќе се натпреваруваат педесет и шест клубови од цела Европа.