Во среда – промоција на видео спот за песната ”Аир да не сториш мамо”

Сподели со своите пријатели

Во Театар Куманово,  во среда, со почеток во 20.30 часот, Александар Богдановски пред кумановската публика ќе го промовира официјалниот видео-спот за народната песна: „Аир да не сториш мамо“.

Loading...

Песната е изворно кумановска. Задржувајќи се на нејзината основна мелодија, Александар и’ дава модерен и урбан израз со што музичкото културно наследство на Куманово им го приближува на денешните генерации.

Овој видео-запис е реализиран со помош на музичарот Слаѓан Станишковски  и со поддршка од страна на НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово.

Промоцијата ќе биде збогатена и со интерпретација на неколку нумери.

Leave a Reply