Во среда – промоција на новата песна на Мартинијан Кириловски

Сподели со своите пријатели

Во среда со почеток од 20 часот, Мартинијан Кириловски ќе ја промовира својата нова песна „Јас знам“ заедно со промоција на неговиот прв видео спот.

Loading...

Текстот и музиката се на Филип Антевски, додека на аранжманот Мартинијан работел самиот со помош на Филип кој е дел од неговиот бенд. Станува збор за песна со летен ритам во поп-рок стил.

Сите оние кои ќе сакаат премеиерно да ја слушнат песната се поканети да присуствуваат на промоцијата која ќе се одржи во Nama Caffe со почеток во 20 часот.

Инаку песната е снимена на македонски и српски јазик, но промоцијата на српската верзија ќе се одржи малку подоцна.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.