Во среда ни доаѓа првиот снег?

Сподели со своите пријатели

Последната сабота од оваа година ќе имаме сончево и релативно топло време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Претпладне маглата ќе слабее и попладне ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб северен ветер кој ќе биде поизразен во источните делови од земјата.

Температурата ќе биде во интервал од 9 до 17 степени целзиусови.

Loading...

Што се однесува до Куманово и околината денеска ќе биде релативно сончево со максимална дневна температура од 10 степени целзиусови, додека утринава минималната изнесуваше два степени под нулата. Исто толку ќе изнесува и во текот на ноќта кога се очекува и густа магла.

Периодот на стабилно, тивко и релативно топло време, според УХМР, ќе продолжи до вторник.

Од среда наутро ќе почне да дува претежно североисточен ветер кој ќе ги спушти температурите и ќе донесе зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и услови за појава понекаде на слаб краткотраен дожд, а кон исток и слаб краткотраен снег.

Во следниве денови, наутро понекаде во долините и понатаму ќе има услови за појава на магла со променлив интензитет.