Во среда и четврток третирање против крлежи во Куманово

Сподели со своите пријатели

На ден 16.08.2017 и 17.08.2017 (среда и четврток), зависно од временските услови, предвидено е третирање на зелените јавни површини во градот, како мерка во борба против крлежите, информираат од Општина Куманово.

Цел на ваквиот третман е спречување на ширење заразни болести каде како вектори се јавуваат истите. Сите третирани површини ќе бидат видно обележани. Не се препорачува подолг прстој на третираните површини како за луѓе, така и за животни, особено во период непосредно по извршен третман, стои во соопштението од локалната самоуправа.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.