Во сообраќајна незгода загина директорот на НУЦК ”Трајко Прокопиев”

Сподели со своите пријатели

Утринава околу еден часот, во сообраќајна незгода  загина Роберт Павлевски,  директор на НУЦК ”Трајко Прокопиев” Куманово. Во сообраќајната незгода која се случи на бул. Трета МУБ, повредени се уште две женски лица кои се пренесени на клиниките во Скопје, додека уште две  женски лица се оставени на болничко лекување во Општа Болница Куманово.

Loading...

Роберт Павлевски е професор по музичко образование и беше директор на кумановскиот Дом на култура повеќе години.

По повод смртта на Павлевски, во НУЦК ”Трајко Прокопиев” ќе се одржи комеморација во 12 часот, а погребот е закажан за 15 часот во градските гробишта во Куманово.

Павлевски загина враќајќи се од Комитска вечер што вчера навечер ја организираше ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.