Во Сомалија милион луѓе раселени поради суша

Сподели со своите пријатели

Сушата во Сомалија достигна невидено ниво и остави еден милион луѓе раселени, предупредија во четвртокот Обединетите нации и Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ).

Loading...

Повеќе од 755.000 луѓе се раселени оваа година во Сомалија поради силната суша во Африканскиот рог, покажуваат податоците на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) и НРЦ, пренесува Бета.

Со ова вкупниот број на раселени лица се искачи на еден милион од јануари 2021 година, кога започна сушата.

Две организации изјавија дека луѓето ги напуштаат своите домови бидејќи немаат ниту вода ниту храна.

Огромна суша

Сомалија веќе две години се соочува со огромна суша, како што не е забележана повеќе од 40 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ПУКАЊЕ ВО САД: Напаѓачи на скутери отворија оган. Еден загинат, тројца ранети (ВИДЕО)

Организациите додаваат дека бројот на раселени лица би можел да биде повеќе од седум милиони во наредните месеци, бидејќи ситуацијата е влошена од последиците од климатските промени и поскапувањето на храната поради конфликтот во Украина.

Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО) минатата недела објави дека може да дојде до глад во осум региони на Сомалија, додека УНХЦР во јуни соопшти дека се потребни 42,6 милиони долари за помош на 1,5 милиони раселени лица и бегалци, погодени од суша во Етиопија, Кенија и Сомалија.

Од таа сума, 9,5 милиони долари се наменети за програми за помош во Сомалија.

Loading...